• понеделник, 22 јули 2024

Реал ги демантираше информациите на „Марка“ за забраната на навивачите на Атлетико да доаѓаат на натпревар со клупски обележја, весникот го обвини клубот дека лаже

Реал ги демантираше информациите на „Марка“ за забраната на навивачите на Атлетико да доаѓаат на натпревар со клупски обележја, весникот го обвини клубот дека лаже

Мадрид, 26 јануари 2023 (МИА) – Реал Мадрид и престижниот шпански спортски весник „Марка“ меѓусебно се обвинуваат поради еден напис за претстојниот натпревар ао Атлетико во шпанскиот Куп.

Вчера Марка објави дека на навивачите на Атлетико кои ќе носат дресовите на клубот ќе им биде забрането да присуствуваат на „Сантијаго Бернабеу“ на меѓусебниот дуел од Купот.

Како одговор, клубот излезе со официјално соопштение во кое ги демантираше овие информации.

-Оваа информација е апсолутна лага. Реал Мадрид никогаш не им забранил на навивачите кои носат дресови на гостински тим да влезат на Сантијаго Бернабеу. Така било отсекогаш, што може да се види на секој натпревар што се игра на нашиот стадион, а така ќе биде и понатаму. Што се однесува до бројот на билети кои Реал Мадрид ги резервира на Атлетико за претстојниот натпревар, тие беа исти како што ги добива нашиот клуб при гостувањето на стадионот „Метрополитано“, што е во согласност со договореното од двата клуба.

Покрај тоа, Реал Мадрид официјално изјавува дека продажбата на билети за „Сантијаго Бернабеу“ секогаш се во согласност со правилата кои важат за секое натпреварување.

Реал Мадрид се надева дека претстојното дерби ќе биде фудбалска прослава која ништо и никој нема да ја извалка со лажни информации, се вели во соопштението на клубот.

Марка одговори на изјавата на Реал Мадрид обвинувајќи го клубот дека лаже. Весникот се осврна на фактот дека написот не бил за забрана, туку за намерата на клубот да одбие влез на стадионот на навивачи чии билети не се купени преку гостинскиот тим и чии седишта се наоѓаат надвор од гостинскиот сектор, како што пренесува клубот на официјалниот сајт. Изданието исто така забележува дека единствениот начин да се идентификува навивач на противничкиот тим, лоциран надвор од гостинскиот сектор, се клупските обележја.

Реал и Атлетико вечер од 21 часот ќе играат четвртфинален дуел од „Купот на Кралот“. зс/

Остани поврзан