• сабота, 22 февруари 2025

Реал би можел да поднесе нова понуда за Александар-Арнолд во јануари

Реал би можел да поднесе нова понуда за Александар-Арнолд во јануари

Мадрид, 16 јануари 2025 (МИА) - Дефанзивецот на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд би можел да ја продолжи кариерата во Реал Мадрид, пренесува „Marca“.

Според шпанскиот весник, мадридскиот тим има намера да направи нова понуда за 26-годишниот Англичанец. Забележано е дека Ливерпул не сака да го пушти играчот во зимскиот преоден рок.

Александер-Арнолд оваа сезона одигра 27 натпревари, постигна два гола и пет асистенции. 

Актуелниот договор на играчот е до лето оваа година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан