• понеделник, 16 декември 2024

Реакција од министерот Лога на изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ , Мицкоски за писмото испратено до меѓународниот фактор 

Реакција од министерот Лога на изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ , Мицкоски за писмото испратено до меѓународниот фактор 

Скопје, 5 јуни 2024 


Времето кога политичките партии во Северна Македонија се однесуваа како во свој приватен двор заврши во 2017 година, и тоа благодарение на западната ориентација на земјата и процесот на интеграција координиран со Европската Унија.

Документите што Северна Македонија ги има усогласено со Брисел се обврски што произлегуваат од таа агенда, како што се: Развојната секторска стратегија за правосудството 2024 – 2028 година, Патоказот за Владеење на Правото и Планот за Раст на ЕУ.

ОЦЕНСКАТА МИСИЈА на ЕУ (Експертскиот тим, предводен од Бранко Хрватин, поранешен претседател на Врховниот суд на Хрватска) ги даде своите забелешки и препораки во врска со Судскиот совет и тие препораки од ИЗВЕШТАЈОТ се спроведуваат од страна на државните институции.

Тенденцијата за дисциплинирање на судството преку јавни и општи пораки не помага во изградбата на Владеење на Правото; индивидуална одговорност треба да постои и тоа го поддржуваме во секој момент, денес и секогаш кога има прекршување.

Министерство за правда

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан