• сабота, 23 ноември 2024

Реакција од Македонски полициски синдикат 

Реакција од Македонски полициски синдикат 
Скопје, 17 ноември 2021  Македонскиот полициски синдикат го известува своето членство дека  работната група за изработка на нов Општ колективен договор за јавен сектор,  во која покрај Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија Дарко Димовски,  останатите членови од останатите синдикати здружени во Сојузот на синдикатите на Македонија, учествува и Македонскиот Полициски Синдикат преставуван од Претседателот д-р Марјан Кицев кој воедно е и Потпретседател за јавен сектор во ССМ и Генералниот секретар Киро Трајковски,  е во завршна фаза односно текстот  на Предлог текстот на -Општиот колективен договор за јавен сектор е предаден во Владата на усвојување. Имено Сојузот на синдикатите на Македонија како репрезентативен синдикат на ниво на јавен сектор во РСМ изминатиов период  работеше на Предлог - Општиот колективен договор за јавен сектор  во кој покрај останатото ( поповолни решенија за зголемување на додатоците на плата за прекувремена работа, работа ноќе, работа во смени, работа во ден на неделен одмор,  зголемување деновите за платен одмор на работниците итн.) е  утврдено  право за регрес за годишен одмор за вработените во јавниот сектор во висина од 30 до 100% од основицата со кое се  исправа поделбата и неправдата за една категорија на работници да има утврдено право на регрес, а за друга т.е оние кои работат во јавен сектор, да нема исплата право на регрес. Со оглед на тоа што веќе поминуваат роковите  кои беа договорени помеѓу социјалните партнери за усвојување на  Општиот колективен договор за јавен сектор очекуваме Владата да го усвои истиот, по што ќе следи негово потпишување од страна на Владата на РСМ и  Сојузот на синдикатите на Македонија како репрезентативен синдикат на ниво јавен сектор. Веднаш по стапување на сила на Општиот колективен договор за јавен сектор, Македонскиот Полициски Синдикат ќе иницира итна постапка на измена и дополнување на Колективниот договор на Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за разузнавање, Агенцијата за национална безбедност ( во за  Управата за финансова полиција сме во финална фаза за прв пат да потпишеме колективен договор)  каде заедно со работодавачот ние како репрезентативен синдикат ќе ја утдврдиме висина на основицата за право на исплата на  на регрес  која како што наведовме  согласно предложеното решение не може да биде помала од 30 %  од просечната нето плата исплатена во републиката во последните три месеца што во превод би значело согласно денешните пресметки околу 9.000 денари. На крајот апелираме до членството да се воздржат и да не подпаѓаат под влијанија од страна на разноразни “синдикални ” структури во периодот кој следува. Со почит Македонски полициски синдикат, П р е т с е д а т е л Д-р Марјан Кицев ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан