• понеделник, 23 декември 2024

Реакција од директорот на Агенцијата за разузнавање на прес-конференцијата на пратеникот Драган Ковачки

Реакција од директорот на Агенцијата за разузнавање на прес-конференцијата на пратеникот Драган Ковачки

Скопје, 20 јануари 2024

Најжестоко ги отфрлам наводите изнесени на прес-конференцијата одржана на 20.01.2024 година на која пратенкикот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки ме обвини за нешто што по никој основ не е поврзано со функцијата директор која ја обавувам согласно Законот за Агенција за разузнавање.

Ковачки ме обвинува за наводно мое мешање и влијание врз Владата на РСМ за работа поврзана со делувањето на невладиниот сектор во нашата држава, што претставува лага и целосно го отфрлам.

Пратеникот Ковачки опишува состојба за работи поврзани со активности на невладиниот сектор во државата, односно за соработка со меѓународни организации и донатори кои го поддржуваат невладиниот сектор во нашата држава.

Забележувам дека подолг период, јас како директор на Агенцијата за разузнавање, но и мојата сопруга и нејзината работа во невладиниот сектор сме објект на напад преку изнесување неточни и лажни информации пласирани на начин да звучат како скандал кој се изнесува од страна на партиски субјекти, лажни профили на социјалните медиуми, како и на еден телевизиски медиум.

Со ова ми се нанесува огромна штета како лојален граѓанин на РСМ и посветен професионалец со 31- годишна кариера. На мојата сопруга која работи 23 години во невладиниот сектор наменски и’ се прави ова, односно со цел да и’се наштети во активностите кои ги извршува, а имаат благородна намена, додека пак нашите деца ги ставате во опасност со пласирањето на невиситинити информации за нивните родители.

Од семејството Муслиу само јас работам во државен орган, а мојата сопруга во невладиниот сектор, што значи не сме двајцата на товар на државата, дали е тоа грев или правилна одлука?

Не е прв пат да пласирате неточни и лажни информаци, па по неуспехот за јавен линч, по извесен период повторно ги реобјавувате како нови скандали и сензации.

Долго време се воздржувам да не реагирам на сето она што лажно го пласирате за моето семејство или преку лажните профили постојано ме навредуваат нарекувајќи ме со погрдни имиња од етнички карактер.

Нема да ме поколебата да продолжам успешно да ја предводам АР, да го заокружам процесот на реформи и подмладување на нашата Агенција, а мојата сопруга нема да ја исплашите да продолжи со нејзината благородна работа во невладиниот сектор.

Постојано манипулирате во јавноста повикувајќи ги ДКСК и ЈО, иако веќе требаше тоа да го сторите пред повторно да ја вртите истата лента полна со лажни информации на оваа прес конференција.

Ве упатувам партиската битка за освојување на политичката власт да ја биете на политичко поле со јасни видувања и проекти од корист за нашето општество, како и во Собранието, а не со лажни вести во кои го омаловажувате директорот на Агенцијата за разузнавање, која како важен чинител во системот на национална безбедност се грижи за сигурноста на нашите граѓани и безбедноста на РСМ.

На крај, ве советувам јавно да се извините за изнесените ноторни лаги.

Директор на Агенција за разузнавање 

______________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА Архива

Остани поврзан