• сабота, 21 јуни 2025

Реакција од ВМРО - ДПМНЕ на соопштение од СДСМ

Реакција од ВМРО - ДПМНЕ на соопштение од СДСМ

Скопје, 15 мај 2025

 

Лицемерно и срамно е Филипче да глуми загрижен од песочните плажи за трагедијата во Кочани, а Законот за Кочани е гол популизам и политичко глодарство на СДС

СДС да не прави политички маркетинг од трагедијата во Кочани.

Законот за Кочани е гол популизам и политичко глодарство на СДС.

Филипче замина на одмор, од грчките плажи и од песочната палма од Дубаи пишува статуси за законот за Кочани.

Лицемерни и срамни се фејзбук статусите на Филипче да глуми загрижен и пишува статуси за трагедијата во Кочани додека одмара на песочните плажи со парите на народот.

СДС да не прави политизација на трагедијата во Кочани, и да не се обидува да печали политички поени врз туѓата несреќа.

Предлог-закон на СДС е делумно неприменлив, делумно влегува во колизија со сопствените одредби, а делумно се преклопува со постоечки законски права. Тоа укажува дека станува збор за документ кој повеќе служи за политички маркетинг отколку за вистинска поддршка.

Предлог законот на СДС за Кочани експлицитно ги фаворизира настраданите од одредени настани, игнорирајќи други слични трагедии.

СДС да не обидува да ја злоупотреби болката на тие семејства за дневно-политички цели.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи политизација и злоупотреба на трагедијата во Кочани преку лошо напишани закони, неусогласени и политички мотивирани закони.

 

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: МИА архива

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан