• недела, 07 декември 2025

Реакција од ВМРО - ДПМНЕ на прес-конференција на СДСМ

Реакција од ВМРО - ДПМНЕ на прес-конференција на СДСМ

 Скопје, 26 април 2025


Системот функционира, се водат истраги и се апсат луѓе кои во време на СДС беа заштитени и недопирливи

СДС е партија која за време на нивното владеење, државата ја претвори во оаза за белосветски криминалци и наркобосови.

Во мандатот на нивниот долгогодишен министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски се доделуваа македонски пасоши на светски криминалци, наркобосови, мафијаши, па дури и на припадници на ИСИС.

Исто така, за време на неговото министерување и владеење на СДС, пробивани беа акции за меѓународен шверц на дрога. Луѓе од системот под раководство на СДС и Спасовски споделуваа информации со наркокартелите што ги загрозуваа акциите на меѓународните институции за сузбивање на трговијата со дрога.

Ва време на владеење на СДС и со Спасовски на чело на МВР јавно беше познато дека, мафијата си доби своја држава.

Ако некој го загрози безбедносниот систем на државата тоа е токму СДС со сето ова погоре набројано, а освен македонскиот, таа влада на СДС целосно го загрози безбедносниот систем и на другите пријателски земји.

СДС се плаши од самиот факт и знаење дека Панче Тошковски расчистува со криминалците и што законот, после долги децении, важи за сите подеднакво.

Оттука доаѓаат и нападите на СДС кон Тошковски, затоа што веќе нема недопирливи и веќе се апсат криминалци кои СДС долги години, не сами што ги толерираше, туку и ги штитеше.

Сега се водат истраги и се приведуваат луѓе за кои постои сомнеж за прекршување на законите, како од опозицијата така и од власта, нешто што не беше случај за време на владеењето на СДС.

Системот почнува да функционира, криминалците се апсат и секој што се огрешил пред законот, ќе одговара.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: МИА архива

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан