• среда, 27 ноември 2024

Реакција од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Гоце Георгиевски од СДСМ

Реакција од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Гоце Георгиевски од СДСМ
Скопје, 19 септември 2021 Денешната прес конференција на СДСМ и Гоце Георгиевски не е ништо друго освен што би рекле млатење слама на празно. Ниту земјоделците живеат подобро, ниту пак нивниот труд е платен и вреднуван. Ваквите обиди за предизборен поткуп и свесно влегување во изборен инжињериг од владејачката гарнитура, е само доказ на страв и паника од претстојниот пораз. Земјоделците најдобро на сопствена кожа ги чувствуваат погубните политики на СДСМ и затоа веќе не ви веруваат. Ако веќе збориме со факти еве ви неколку: -Субвенциите за земјоделците ги воведе владата на ВМРО-ДПМНЕ, а не СДСМ. -Четири години сте власт а секоја година се соочувате со протест на тутунарите, лозарите, оризарите, сточарите, -а за младите воопшто и да не ви кажувам, се уште чекаат реализација на мерката млад земјоделец. Толку од вашите погубни политики. На секој чекор ви се случуваат протести од револт и незадоволство, а вие се обидувате да прикажете дека земјоделците се задоволни. Не ви поминува ова повеќе, трошите време на непотребни работи. Ако веќе сакате да направите нешто за земјоделците тогаш најдобро е наместо трошките кои им ги нудите, да понидите реална помош за нив. Се друго е само неуспешен обид. На 17-ти октомври ви доаѓа крајот. Доста е со поделби и разочарувања, доста е од незадоволство и револт. Време е за нова надеж, иднина, проекти и реализација. Време е за Македонија за сите луѓе! Линк од ФБ статус: https://www.facebook.com/tripunovskicvetan/posts/1941450836012555 Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ________________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан