• среда, 25 декември 2024

Реакција на „Тетово сака парк“ за градоначалникот Касами

Реакција на „Тетово сака парк“ за градоначалникот Касами
Тетово, 12 ноември 2022 (МИА) - Граѓанската иницијатива „Тетово сака парк“ денеска повторно реагираше на повикот на градоначалникот Биљал Касами на место од касарната да се прави парк, воедно со прашање дали тоа е негов обид за враќање на идејата за градење на 35 згради на тоа место. Тие го прашаа која е целта сега да се спомене касарната. -Која е целта на Касами во спомнувањето на касарната „К.Јосифоски-Питу“?Се потсети ли Касами на својот план за 35 повеќекатници на местото на касарната „К.Јосифоски-Питу“ од 2017. Зад тоа е можно да стои неговиот стар план кога во 2017 година во изборната кампања бомбастично со визуелизации најави урбанизирање на касарната со над 35 станбени згради. Втората можност е манипулативно купување на време и одложување на реализацијата на очекувањата, велат од „Тетово сака парк“. Од иницијативата велат дека се уште ја чекаат најавената средба на нивни со стручни лица од Општината за да се разговара за формирање на парк во Тетово. -Ние ден денес чекаме средба на стручно ниво која е договорена при средбата со него (19.04.2022), со цел разгледување на нашиот предлог со јасни можности, во услови кога општината јавно декларираше дека има волја, а нема пари. Единствено што веројатно не е причина за ваквото излагање е вистинската волја Тетово да добие парк. Тој што има волја ги бара активистите за средби, се бори за утврдување на парковска намена, бара јавниот интерес да преовлада, ги уредува постоечките празни зелени простори. Помниме, затоа што грешките не се случајни! Се сомневаме и во случајноста на молкот од другите фактори. Бараме народните пратеници и советници веднаш да излезат со став, велат од „Тетово сака парк“. Градоначалникот во петокот побара централната власт да му ја додели касарната со ветување дека површината ќе ја направи парк. ас/ев/

Остани поврзан