• сабота, 23 ноември 2024

Реакција на ССМ за одлуката во недела да работат трговците во туристичките места

Реакција на ССМ за одлуката во недела да работат трговците во туристичките места
28 јуни 2022 
ССМ со право, уште на самиот почеток на процесот на уредување на недела како ден на неделен одмор укажуваше дека ова право во никој случај не смее да се регулира со друг закон освен со Законот за работните односи и дека во тој случај му се дава можност на еден министер со потпис да одлучува за судбината на работниците, што по 6 месеци се покажа како точно, иако во тој период од министрите бевме убедувани дека тоа нема да биде случај.
Министерот кој на 2 јануари се фалеше дека недела неработен ден е реалност, на 27 јуни се фали дека сите трговци во туристичките дестинации ќе работат во недела.
Трговците можеа и до сега да работат но самите, но на министерот очигледно не му се допаѓа тоа па сега работниците ќе им работат на трговците.
Министерот за економија тргува со човечки судбини, па прашуваме дали на работниците им е потребен министер трговец како него.
Истовремено, потсетуваме дека овластен предлагач на Законот била пратеничката Жаклина Лазаревска, истата пратеничка која за амандманот на ССМ од говорница викаше дека на работниците лесно можеле да им дадат 2806 денари, ама не сакале да им дадат да не ги расипат од многу пари.
Работниците мора да се запрашаат на кого го даваат својот глас на избори, ако знаат дека сите пратеници сложно се против работниците.
Работникот памти и ќе врати!!!
Сојуз на синдикатите на Македонија
___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан