• четврток, 19 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Реакција на СДСМ на прес-конференцијата на министерот Андоновски

Реакција на СДСМ на прес-конференцијата на министерот Андоновски

10 март 2025 

Со неверување ја примивме скандалозната изјава на министерот Стефан Андоновски.

Андоновски ги призна и ги потврди информациите на СДСМ а со тоа и скандалот: тендерите во неговото министерстви ги има добиено сопругот на Државната секретарка во истото министерство- Гордана Клинчарова.

СДСМ ги објави и двата договори од добиените тендери, потпишани лично од Андоновски. Првиот договор за набавка на конференциска и презентациска опрема во вредност од 2.400.000 денари и вториот договор, за набавка на ИТ опрема во вредност од 529.000 денари.

Наместо да се извини и да поднесе оставка, тој дрско се обиде да ја брани Клинчарова а всушност ја дозакопа.

Андоновски вели дека Државната секретарка, во случајот сопругата на тој што го добил тендерот, била само ангажиарана во административно – буџетско работење на министерството.

А Државниот секретар во секое министерство па и во неговото раководи со целата администрација.  Што значи дека Клинчарова е шефица на сите кои учествувале во водењето на постапката за оваа и на било која друга јавна набавка.

Понатаму, изјавата на Андновски дека не може да знае со кого е потпишан Договорот паѓа во вода затоа што на договорот е неговиот потпис и потписот на сопругот на Клинчарова, Мартин Клинчаров.

Или Клинчаров не му се видело познато презиме на Андоновски?

Овој случај е најеклатантен пример за конфликт на интереси, непотизам и корупција што е одлика на ВМРО-ДПМНЕ!

Тендерските мрежи на ВМРО-ДПМНЕ сè повеќе се шират, а институциите мора итно да реагираат!

Бараме:

Јавно обвинителство и ДКСК веднаш да постапат по овој случај!

Андоновски без одлагање да поднесе оставка!

Целосно расчистување на коруптивните шеми во Министерството!

СДСМ нема да дозволи оваа афера да помине неказнето! Ќе бараме одговорност сè додека правдата не биде задоволена. Ова не е само прашање на злоупотреба на функцијата – ова е удар врз довербата на граѓаните и државните институции!

 

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива 

Остани поврзан