• сабота, 23 ноември 2024

Реакција на СДСМ на прес-конференцијата на Димче Арсовски

Реакција на СДСМ на прес-конференцијата на Димче Арсовски
 Скопје, 17 март 2022  ВМРО-ДПМНЕ продолжува да глуми загриженост за граѓаните и свесно да шири невистини и манипулации за редовни набавки. Пример за расипничко и криминално трошење на народните пари е токму ВМРО-ДПМНЕ, со милијардите потрошени за криминални проекти, лажен барок, жални врби и вртелешки и низа други непродуктивни работи. Расипничко трошење на народните пари за луксуз на ВМРО-ДПМНЕ е Белата палата, со кристални лустери, астали од махагони, позлатени рамки и дебели теписи, од каде портпаролот Димче Арсовски шири лаги, наместо да ги повика своите градоначалници народните пари да ги пренасочат за граѓаните, а не да ги трошат за набавка на чоколода, апетисани и вдомување на партиски кадри. Но тоа е вистинското лицемерно лице на ВМРО-ДПМНЕ. Во Белата палата ништо не се менува, освен тесно партискиот интерес. За разлика од нив, СДСМ секој денар од буџетот го враќа кај граѓаните и ги поддржува во време на криза, а последен пример за тоа се антикризните мерки вредни 400 милиони евра, зголемената минимална плата на 18.000 денари, новата методологија за рекорден раст на пензиите, финансиската помош за пензионерите, како и поддршката за домашните компании. Центар за комуникации со јавноста на СДСМ ————————————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.  

Остани поврзан