• понеделник, 23 декември 2024

Реакција на СДСМ на интервјуто на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски

Реакција на СДСМ на интервјуто на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски
Скопје, 20 јуни 2022 Темата со изборите е затворена, тие ќе се одржат во редовен термин во 2024 година. Откако со дебаклот со протестот ја доби порака од граѓаните дека тие не се за блокади, Христијан Мицкоски треба да се откаже од деструктивното дејствување на штета на граѓаните и државата. Мицкоски треба да ја прифати порака којашто со дебаклот на митингот му ја порачаа и граѓаните, а тоа е дека не сакаат блокади и деструкции. Во време на најголема економска и енергетска криза тоа е особено неодговорно. Граѓаните знаат дека Мицкоски говори едно дома а друго надвор а доказ за тоа е Резолуцијата на ЕПП со ставови на Бугарија којашто тој ја поддржа. Затоа лагите на Мицкоски не поминуваат, се виде дека манипулацијата на ВМРО-ДПМНЕ за наводна асимилација и бугаризација нема врска со реалноста. Оттука, Мицкоски мора да собере храброст и да си објасни самиот на себе си дека не може во важни моменти за државата да ги поткопува државните позиции а потоа да се чуди зошто граѓаните не го поддржаа партискиот митинг на ВМРО-ДПМНЕ. Наместо да биде единствен опозициски политичар кој и во време на криза работи против државата и граѓаните, Мицкоски да ја прими порака од граѓаните и да се промени. Центар за комуникации со јавноста на СДСМ ————————————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.            

Остани поврзан