• вторник, 24 декември 2024

Реакција на СДСМ на изјавата на Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ

Реакција на СДСМ на изјавата на Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ

Скопје, 30 септември 2024 

ВМРО-ДПМНЕ не знае да чита

ВМРО-ДПМНЕ не прави разлика помеѓу навредатa „будала“ и пораката „не ме прави будала“, која значи „затоа што сум доволно паметен да знам дека лажеш“.

Се што кажа СДСМ е дека ВМРО-ДПМНЕ треба да престане народот да го прави или да го смета за будала бидејќи граѓаните се доволно паметни и ги препознаваат сите лаги кои ги пласира владејачката партија.

Раздвојувањето на Албанија од Македонија е само поради погрешните и штетни политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и како опозиција и како власт.

Граѓаните ова многу добро го знаат.

СДСМ

________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото МИА архива

Остани поврзан