• сабота, 23 ноември 2024

Реакција на потпретседателот на СДСМ Битиќи на изјавата на Александар Ковачки

Реакција на потпретседателот на СДСМ Битиќи на изјавата на Александар Ковачки

Скопје, 21 јануари 2024

Што да се каже повеќе од ова што веќе сум го кажал, за истата лага, пред година и пол (кликнете на линкот подолу).
ВМРО ДПМНЕ е се уште без идеја, без основен концепт за развој и раст, а очигледно е дека веќе ја губат и „креативата“ во однос на беспредметните напади: почнале и да ги рециклираат. Но со рециклирани лаги нема да станете прогресивна партија, туку напротив...ќе останете тоа и што сте: гробари на демократијата и на иднината на сите наши деца!
Се надевам дека Ковачки нема да „дезертира“ од обврската јавно да се извини, во спротивно, ако првиот пат се воздржав од тужба за клевета, сега тоа со задоволство ќе го направам.
П.С. Државната комисија за спречување на корупцијата уште пред година и пол не утврди потреба за отворање постапка за злоупотреба на функција или искористување на било какво влијание, мое или на било кој друг, во однос на тоа што невладини организации добиле странски, а не владин грант.

По вчерашното изнесување на лаги од Момировски немав намера да реагирам јавно, но веќе денеска гледам дека некои медиуми оркестрирано го споделуваат истиот наслов, притоа никој од нив не побара став и од мене како засегната страна, што ми укажува дека не се заинтересирани за вистината ниту работат по принципите на новинарството.

Кажувам јасно…
Индикациите, како што и оној кој ги изнесе, сам ги нарекува, се лага, полни со неточни информации, очигледно водени од друга побуда. Особено поради тоа што лагите ги изнесе во време кога знае дека сум надвор од државата, што ми укажува дека сакал само неговиот мегафон да се слушне од центарот за лаги.

Доколку господинот има докази за проневера на меѓународна, повторувам меѓународна организација нека ги изнесе.

Во понеделник ќе поднесам барање за јавно извинување и демантирање во ист обем и време, кое доколку не се случи ќе продолжам по инстутиционалниот пат а тоа е тужба за клевета навреда и нарушување на углед на мене и моето семејство. Доколку мора, судот ќе го каже последниот став за вистината.

А медиумите кои ја објавија едната страна, барам да ја објават вистината денеска, во целост како што ја кажувам. Во спротивно ќе морам да покренам соодветни постапки и за нив.

Драги политички опоненти, нека не ве фаќа паника од позитивни анкетни резултати за мојот углед, па да мора да го напаѓате со лаги. Подобро за вас и за граѓаните ќе биде вие да работите на вашиот за да сте конкурентни и да се сретнеме на мегдан за сработено.

Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ

_______________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

 

Остани поврзан