• вторник, 03 декември 2024

Реакција на Одборот за акредитација во високото образование на изјавата на проректорката на УКИМ и актуелен кандидат за ректор проф. д-р Биљана Ангелова

Реакција на Одборот за акредитација во високото образование на изјавата на проректорката на УКИМ и актуелен кандидат за ректор проф. д-р Биљана Ангелова

Скопје, 26 мај 2023

Почитувани, Одборот за акредитација во високото образование ја информира јавноста за невистините искажани од проф. д-р Биљана Ангелова, актуелна Проректорка на УКИМ и кандидат за Ректор на УКИМ, на дебатната емисија ТОП ТЕМА на ТВ Телма, на ден 24 мај 2023 година. Одборот за акредитација при Агенцијата за квалитет во високото образование, ја информира академската заедница на Република Северна Македонија дека:

Во трката за највисока позиција – Ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, кој е најстар и најголем Универзитет во земјава, не смее да е дозволи користење на методи кои го омаловажуваат и навредуваат работењето на Одборот за акредитација, кој најодговорно и целосно транспарентно и без било каква пристрасност ги извршува своите задачи и обврски во рамките на Агенцијата за квалитет на високото образование;

Изјавите дадени од страна на проф. Ангелова, на јавната дебата на Топ тема на ТВ Телма на ден 24.05.2023 година, укажува на нејзино непознавање на законските и подзаконски акти со кои е регулирана работата на Одборот за акредитација. Имено, во нејзината изјава таа зборува за Одбор за акредитација и евалуација, иако во Законот за високо образование (ЗВО) овие две тела се независни органи во рамките на Агенцијата за квалитет во високото образование. Дополнително, согласно ЗВО, за секоја студиска програма има соодветен број на предмети кој еден професор може да ги предава, а Проректорка Ангелова не постапува во склад со ЗВО во однос на број на предмети во однос на студиска програма. Зачудува фактот што проф. Ангелова која 7 години е на висока позиција во Ректоратот (Проректор за финансии) да не ги познава постоечките законски акти во високото образование;

Секој напад кој не почива на вистинита информација и се базира на инсинуации и шпекулации од страна на раководно лице на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, како што беше изјавата на проф. Ангелова: цитирам – „сериозни проблеми со Одборот за акредитација, кој ги враќа студиските програми на УКИМ, обид за промена на имиња на студиски програми е директен атак на автономијата на Одборот за акредитација“, претставува грубо мешање во работата на Одборот за акредитација, неоснован атак врз сите членови на Одборот за акредитација и неаргументирана изјава која го руши угледот на Одборот за акредитација, како и Агенцијата за квалитет во високото образование. Со ваквите изјави проф. Ангелова први директен упад во работата на едно независно тело како што е Одборот за акредитација. Кандидатите за највисоката позиција на еден Универзитет, а тоа е Ректор, треба да градат мостови за меѓуинституционална соработка, а не, како во случајот со посочената кандидатка, да истакнуваат пристап на промовирање на препреки.

Одбор за Акредитација на високото образование

Членови:

Академик проф. д-р Владо Камбовски

Проф. д-р Татјана Стојаноска Иванова

Проф. д-р Садудин Ибраими

Проф. д-р Ќуфли Османи

Проф д-р Никола Николов

Проф. д-ер Лилјана Колева Гудева

Проф. д-р Славица Роческа

Проф. д-р Сунчица Петровска

Проф. д-р Елми Јусуфи

Проф. д-р Блерим Саити

Проф. д-р Љубица Георгиевска Исмаил

Проф. д-р Атанас Кочов

Светлана Ристовска Антиќ

 

Одбор за акредитација во високото образование

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан