Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на фејсбук објавата на Кренар Лога
- СООПШТЕНИЕ - Кога Кренар Лога ќе сака да глуми заштитник на наводната независност на судските институции добро е да објасни врз основа на кои од двата отсто доверба во судството го темели овој заклучок?

Скопје, 29 мај 2024
Кога Кренар Лога ќе сака да глуми заштитник на наводната независност на судските институции добро е да објасни врз основа на кои од двата отсто доверба во судството го темели овој заклучок?
Кога Кренар Лога ќе сака да глуми заштитник на наводната независност на судските институции добро е да објасни врз основа на кои од двата отсто доверба во судството го темели овој заклучок?
Зошто Лога не беше загрижен кога цело ДУИ и Зајас на Ахмети беше вграден во судскиот систем на државата?
Ислам Абази првиот човек на организиран криминал, Бурим Сејдини, претседателот на Управен суд и Али Ахмети, лидерот на интегративците се родум од кичевското село Зајас.
Претседателите на основните судови во Тетово и Кичево, Хасан Асани и Амдије Зенку се поранешни функционери и активисти на ДУИ. Во Врховниот суд е и Шпенд Деваја, сопругот на поранешната градоначалничка Теута Арифи.
Добрила Кацарска стана Уставен судија откако работата ја заврши со политичките прогони во основниот кривичен суд.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.