• понеделник, 23 декември 2024

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на разрешувањето на Вилма Русковска

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на разрешувањето на Вилма Русковска

Скопје, 23 ноември 2023

Правдата е некогаш спора, но секогаш пристигнува. Без оглед на околностите кои денес доведоа до тоа крајот на кариерата на Вилма Русковска да биде преку разрешување од функцијата обвинител, колку помалку “вилми” има, толку подобро за правдата, довербата во судството и граѓаните.

Во ситуација кога корупцијата е толку голема и несанкционирана, тешко е да се посочи правичен и меродавен орган кој објективно ќе оценува правосудни чинители. Сосема е можно ова да е резултат на “мафијашка пресметка” во правосудството, но како факт останува дека Русковска доби заслужена максимална деградација од Советот на јавни обвинители.

Како обвинител за кој многупати реагиравме дека е инструмент на власта во прогонот кон неистомислениците и патриотите, Вилма Русковска допрва ќе има прилики да зборува и да ги признае сите злодела кои ги извршила како и тоа по чија наредба.

Ова е само мала правдина за неправедно осудените, вистинската ќе дојде со нивната слобода и кривичната одговорност за Русковска и нејзините соучесници.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА Архива

 

Остани поврзан