• вторник, 24 декември 2024

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Богдана Кузеска

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Богдана Кузеска

Скопје, 18 јуни 2021

Заев, Царовска и СДСМ насилно се обидуваат да протнат антиреформи во образованието, кои имаат за крајна цел промена на историјата која ќе ја изучуваат нашите најмлади генерации.

Царовска нареди, а пратениците од владејачкото мнозинство прифатија замолчување на опозицијата во Собранието. Имено СДСМ и Царовска вчера избегаа од соочување во матичната собраниска комисија на која требаше да се разговара за предлогот на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ  за намалување на дискрециските овластувања на министерката Мила Царовска со кој ќе се спречи укинувањето на предметот историја.

Очигледно дека Царовска и СДСМ во нивниот диктаторски манир ги спречуваат сите гласни критики за нивните антиреформи во образованието, затоа што не само ВМРО-ДПМНЕ, туку и експертите и целата јавност им кажуваат дека водат анационална и штетна политика во образованието.

Но Царовска оди со глава во ѕид, а тој ѕид е народот кој јасно им кажува дека се противи и ќе ги спречи сите нивни штетни политики.

Сакале или не во СДСМ, Македонија ќе биде за сите луѓе и нема да можат да ги спречат сите оние кои размислуваат различно од власта да ги замолчат. Не може тие кои се противат на Царовска да се сметаат за граѓани од втор ред и со разни притисоци, закани или игнорирања да се замолчат.  Граѓаните кои СДСМ ги смета за граѓани од втор ред се огромно мнозинство и тие ќе ги поразат и Заев и Царовска и СДСМ.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ __________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Тагови

Остани поврзан