• вторник, 17 декември 2024

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на Пендаровски за „360 степени“

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на Пендаровски за „360 степени“

Скопје, 11 декември 2023 

Уште едно интервју на Пендаровски, уште една политичка анализа, наместо претседателско обраќање.

Аналитичарот Пендаровски 5 години не успеа да создаде авторитет кај СДС и ДУИ кои очигледно не го регистрираат, наместо по телевизии да се надева дека нема да му праќаат закони со европско знаменце, подобро ќе беше јавно на прес конференција да го изрази своето негодување со ноншалантниот однос на власта и злоупотребата на европското знаменце за секој закон од кој имаат бизнис интерес.

Во однос членовите на Судскиот Совет, наместо мислења дека било добро, треба да им се извини на граѓаните, зошто тој 5 години е дел од луѓето кои се заслужни за довербата од 2% во судството.

За случајот со Вања, наместо да чекал интервју каде ќе соопшти дека ќе бара од Ердоган екстрадиција од Палевски, тоа до сега требало да го направи.

Пендаровски 5 години едно единствено решение или одлука нема донесено, или ги следи СДС и ДУИ или има краткорочни ставови кои отпосле ги повлекува или го демантира кабинетот.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан