• недела, 19 јануари 2025

Реакција на ВЛЕН на Блерим Беџети од ДУИ

Реакција на ВЛЕН на Блерим Беџети од ДУИ

Скопје, 18 декември 2024

Блерим Беџети уште еднаш ја демонстрира неспособноста на ДУИ да се дистанцира од своето криминално минато. Настапот на Блерим Беџети е доказ дека ДУИ останува партија која ја водат криминални интереси.

Наместо да понуди нова визија за опозицијата, Беџети продолжува со старите и компромитирачки политики.

Блерим Беџети, како наследник на политиката „а ла Артан“, го користи истиот реторички речник што го доведе ДУИ до меѓународна изолација. Наместо да покаже одговорност и да понуди конструктивни решенија, тој игра со опасни алузии кон криминални групи, што е неодговорно и неприфатливо.

Не треба да се заборави неговата лична историја. Беџети беше уапсен за време на средба со криминални кругови поврзани со незаконски активности, беше соработник и чувар на тефтерчињата на Никола Груевски и Сашо Мијалков.

Јавноста заслужува одговори за веќе јавно познатата трета телеграма на Никола Груевски, пратена од Будимпешта, која наводно, била адресирана и се однесувала токму на Блерим Беџети.

Прашањето што треба да го одговори Блерим Беџети е: што му должат на Груевски тој самиот, Али Ахмети, Бујар Османи и Талат Џафери? Без одговор на ова прашање на сите ни е јасна дилемата за сериозните сомнежи за нивните меѓусебни односи и улогата на ДУИ во мрачните политички  и криминални игри од минатото.

Денес, наместо да ја искористи шансата за политичка трансформација, тој продолжува со истите практики, кои го уништија кредибилитетот на ДУИ.

За ВЛЕН, ваквиот пристап е штетен за политичката сцена и општеството. Опозицијата треба да биде пример за транспарентност, морал и конструктивност, а не повторување на истите грешки што ја доведоа власта на ДУИ до крајот.

ВЛЕН

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото МИА архива

Остани поврзан