Реакција на Бошњачкиот демократски сојуз за посетата на претседателот на Република Српска, Милорад Додик
- Соопштение
Скопје, 28 јануари 2025
Додик ја посети Северна Македонија за да ѝ „помогне“ во евроинтеграцискиот процес како што и „помогна“ на Босна и Херцеговина.
Вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоиљковиќ во Владата на Република Северна Македонија денес оствари средба со Милорад Додик во просториите на министерството кој е на црната листа на САД поради неговите геноцидни политики и корупција.
Ова е огромен удар за угледот на нашата земја во меѓународната заедница со што се поставува прашањето дали оваа Влада воопшто негува европски вредности во контекст на почитување на човековите права и слободи и цивилизациски вредности утврдени со меѓународните акти, врз основа кои се осудени одредени лица а со чија глорификација и говор на омраза Додиќ направи и се уште ја одржува својата политичка кариера!
Ова сериозно ја доведува во прашање нашата стратегија за европска интеграција и меѓународните односи.
Бошњачки демократски сојуз
_____________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.