• среда, 25 декември 2024

Реакција на Белата куќа на гневната изјава на Зеленски за НАТО: Украина мора да исполни уште серија услови за членство

Реакција на Белата куќа на гневната изјава на Зеленски за НАТО: Украина мора да исполни уште серија услови за членство

Вашингтон, 11 јули 2023 (МИА) – Украина мора да исполни голем број други услови за да влезе во НАТО, изјави денеска Џон Кирби, советникот за национална безбедност на американскиот претседател Џо Бајден, со што Белата куќа одговори за острите коментари на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој денеска ги критикуваше лидерите на НАТО затоа што, очигледно, Украина нема да добие временска рамка за приклучување кон Северноатлантскиот договор на самитот на Алијансата што во моментов се одржува во Вилнус.

-Брзото членство е малку веројатно, тоа би значело дека НАТО е во војна со Русија,кажа Кирби

„Ние веруваме дека НАТО е во иднината на Украина. Тоа е нешот на што Сојузот се согласи уште во 2008 година“, изјави Кирби за Си-ен-ен. „Сега постојат реформи - добро владеење, владеење на правото, политички реформи - на кои Украина треба да работи, и ние разбираме дека е тешко да се работи на некои од тие реформи кога сте во војна. Се разбира, тие се во војна Членството во НАТО во блиска иднина затоа е малку веројатно бидејќи тоа би го ставило НАТО во војна со Русија“, додаде тој.

Сепак, Кирби призна дека ги разбира фрустрациите на Зеленски, кој на Твитер ги критикуваше дискусиите за можниот пат до членство во НАТО на самитот во Литванија, пишувајќи: „Неизвесноста е слабост“.

„Да, има фрустрации, желба за брзо завршување на оваа војна, ние го разбираме сето тоа“, рече Кирби, а потоа додаде: „Се разбира, споделуваме многу од тие грижи“.сд/

Остани поврзан