• вторник, 24 декември 2024

Реакција на „Анима мунди“ на прес-конференцијата на директорот на ЦУК, Ангелов

Реакција на „Анима мунди“ на прес-конференцијата на директорот на ЦУК, Ангелов
Скопје, 9 ноември 2022 (МИА) - Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ реагира на вчерашната прес-конференција на директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов на која тој информира за зголемен број напади на кучиња во државата. - Реагираме повод вчерашните објави за зголемен број напади на кучиња во државата и несреќната изјава на директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов за еутаназија на оние животни кои ќе се наведат како агресивни. Велиме наведат, бидејќи искуствата ни докажуваат дека 95 отсто од бездомните кучиња заловени во стационарите како такви, се мирни, социјализирани, игриви и вдомливи, но некој ги пријавил дека нападнале. Пријавени се без доказ кој би го поврзал конкретното животно со нападот, по изјава, често со траги кои укажуваат на повреда- но не и угриз, поткрепени со изјава од доктор дека станува збор за куче, иако во голема мера тоа не може да се потврди, потенцираат од „Анима мунди“. Според нив, во голема мера се користи секоја можност за стекнување финансиска корист, особено, како што наведуваат, „во околности каде што лесно се лажира и обезбедува отштета од средствата на градот“. - Живееме во еден кородиран систем и во време на комплетен социјален крах, сиромаштија каде, во голема мера се користи секоја можност за стекнување финансиска корист особено во околности каде што лесно се лажира и обезбедува отштета од средствата на градот. Затоа е зголемена бројката пријави, затоа што исплатата од буџет, наспрема приватно тужење на сопственик е и тоа како поизвесна, наведуваат од Здружението. Од таму се извинуваат за ова тврдење и сочувствуваат со граѓаните кои навистина биле жртва на напад. - Не ги ставаме никако сите во ист кош, но ова прашање мора итно да се третира и секој случај поединечно темелно да се истражи, а институциите да сторат се од себе овој проблем да се стави под контрола преку најстроги забрани за напуштање, неконтролирано размножување и дефинирани одговорности, строги казни и да се наменат доволни средства за спроведување масовна и брза стерилизација на животните на улица, потенцираат од „Анима мунди“. Грижата кон граѓаните, велат од здружението, се гледа преку такво решавање на проблемите, а никако со убивање на животните. - Кај нас, согласно нашето долгогодишно искуство на терен и светските искуства, тврдиме дека најголем број напади се од сопственички животни кои слободно шетаат на јавни површини. И сега, наместо по институциите кои не превземаат ништо, по неодговорните сопственици кои пак се такви бидејќи законот за заштита и благосостојба во овој домен не личи на ништо - удри по кучињата. Законот наместо да наложи проверка за идентификација на животно (што е задолжително во судските процеси во околните земји), кај нас секое затекнато животно на јавна површина го третира како бездомно - воедно судот нема никаков интерес, не навлегува во тоа дали е исклучено дека животното има сопственик, а талка. Тоа се „бездомните кучиња“ кои напаѓаат, зошто бездомните стерилизирани кучиња се генерално неагресивни и социјализирани. Тоа е основен предуслов да преживеат на улица, нагласуваат од здружението. „Анима Мунди“ додава дека со години предлага законски измени и укажува на важноста општините да обезбедат сигурни финансии за масовна стерилизација на животните, пари кои се влог за севкупна здравствена, безбедносна, комунална заштита и заштеда која ќе превенира напади и огромни економски загуби во иднина. - Кучињата на улиците се жртва на институционалната инертност и човечката негрижа, децениски убивани во Македонија на илјада и еден начин, по илјада и една основа, заклучуваат од „Анима мунди“. мс/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан