Реакција од СДСМ на изнесени ставови на Христијан Мицкоски
- Со вечерашното изразено жалење што Никола Груевски не е присутен во државата, Христијан Мицкоски призна дека копнее по неговиот ментор и шеф, осуден криминалец во бегство.

25 март 2022
Соопштение за јавност - реакција на изнесени ставови на Христијан Мицкоски
Мицкоски копнее по Груевски
Со вечерашното изразено жалење што Никола Груевски не е присутен во државата, Христијан Мицкоски призна дека копнее по неговиот ментор и шеф, осуден криминалец во бегство.
И вечерва Мицкоки не се огради за криминалите на ВМРО-ДПМНЕ и неговиот претходник, за кои има дузина судски пресуди со затворски казни и серија признанија од високи функционери на партијата.
Ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е старата нереформирана партија, симбол на криминал и корупција. Самиот Мицкоски е опркужен со кадри на режимот кои се дел од судски процеси за милионски криминал, корупција и злоупотреба на парите на граѓаните.
Талир, Титаник, Моќник, Плацеви на Водно и безброј други предмети пред македонските судови.
Тоа е ВМРО ДПМНЕ.
СДСМ
Центар за комуникации со јавноста
___________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.