• понеделник, 23 декември 2024

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Петре Шилегов

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Петре Шилегов

Скопје, 24 октомври 2021

Вело патека направена по цели 4 години неработа нема да го спаси Шилегов од пораз.

Шилегов 4 години не направи ниту еден проект. Наместо да работи за градот, тој работеше за себе.

Шилегов наместо да ги направи тунелите под Кале кои ги вети, си направи хациенда од 300 м2 во Маврово.

Наместо да го продолжи булевар Илинден со мост преку Вардар кон Ѓорче, Шилегов изгради два ката дивоградба на својата зграда во Карпош.

Скопје нема Зип лајн од Кале до Градски парк, но затоа Шилегов има две нови возила Ауди.

Шилегов 4 години не беше посветен на Скопје, туку на лично богатење, а кога ќе земеше да работи нешто местеше тендери, како тој за Варшавска заедно со Душко Весковски.

Шилегов наместо да инвестира во животната средина плаќаше противпожарни скали дупло поскапи од тоа што плаќаат главните градови на околните држави.

Шилегов го покажа своето. Шилегов е минато за Скопје. Од 31 октомври со Данела Арсовска Скопје ќе се развива, ќе има проекти за Скопје.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ______________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан