• понеделник, 23 декември 2024

Раjола го критикуваше претседателот на ФИФА за идејата за наметнување ограничување на платите

Раjола го критикуваше претседателот на ФИФА за идејата за наметнување ограничување на платите
Рим, 27 ноември 2020 (МИА) - Познатиот фудбалски агент Мино Рајола ја коментираше идејата за воведување ограничување на платите во светскиот фудбал. - Кога ФИФА ќе одлучи да воведе ограничување на платата, тоа ќе значи дека клубовите повеќе нема да можат да донесуваат свои одлуки. Тие немаат право да им кажуваат на клубовите како да го прават својот бизнис. Очигледно, трансфер пазарот веќе не работи како што посакува ФИФА, изјави Рајола за „Фудбал Италија“. Ако ги ограничиме платите на играчите, тогаш мора да го сторите тоа за секого. Реал Мадрид и Барселона имаат милијарди приходи, дали треба да ги ограничат цените на билетите? Во овој случај, поставете плафон за плати за актери, новинари, уметници. Дали би поставиле ограничување на платата за Леонардо да Винчи или Рембрант? Како може да се ограничи талентот? Живееме во капиталистички свет, но Џани Инфантино сака да бидеме Северна Кореја. Немам проблем со Северна Кореја, но тој може да оди да живее таму, не јас, додаде Рајола. Претходно беше објавено дека шпанската Ла Лига постави ограничувања на вкупниот износ на исплати на годишна плата на клубовите. зс/

Остани поврзан