• понеделник, 23 декември 2024

Рајола: Ферари има автомобил во Формула 1 и во 24 часа Ле Ман, зошто Реал не може да игра во Лигата на шампионите и Суперлигата?

Рајола: Ферари има автомобил во Формула 1 и во 24 часа Ле Ман, зошто Реал не може да игра во Лигата на шампионите и Суперлигата?
Мадрид, 1 мај 2021 (МИА) – Најпознатиот фудбалски агент, Мино Рајола го сподели своето мислење за проектот за создавање на Европската Суперлига. - Моето мислење е многу различно од она што другите го мислат за тоа. Јас секогаш ќе поддржувам каква било војна против ФИФА, против монополот, што не ми се допаѓа. Можеме да играме фудбал без ФИФА. Сепак, моето главно набљудување на прашањето од Суперлигата е дека организаторите на турнирот сакаат да се ослободат од Лигата на шампионите. И ова е грешка. Клучниот збор тука е „повеќе“. Ферари има Формула 1 болид, а се натпреварува и во 24 часа Ле Ман. Зошто Реал Мадрид не може да игра во Лигата на шампионите и Суперлигата? Тоа би бил најдобриот експеримент во историјата на фудбалот. Да бев сопственик на тимот, би сакал да играме и во Суперлигата и во Лигата на шампионите. И, се разбира, во националното првенство. Би било одлично и за играчите и за навивачите, изјави Рајола. Посочува дека навивачите погрешиле што се спротивставиле на новото натпреварување. - Со неверување ги погледнав протестите. Луѓето излегоа на улиците и протестираа против она што сè уште не го сфатиле. Тие беа против концептот на затворен турнир. Но Суперлигата не е обврска. Ако не ви се допаѓа, тогаш не купувајте права или гледајте го преносот. Суперлигата беше официјално објавена на 19 април, а по само два дена проектот беше стопиран, откако англиските клубови го откажаа учеството по негативните реакција во јавноста. зс/

Остани поврзан