• понеделник, 23 декември 2024

Рајола бара 20 милиони евра провизија за обновување на договорот на Донарума

Рајола бара 20 милиони евра провизија за обновување на договорот на Донарума
Милано, 22 мај 2021 (МИА) - Милан и голманот Џанлуиџи Донарума сè уште не можат да се договорат за условите на новиот договор. Според „Ла Газета дело Спорт“, двете страни не се согласуваат околу прашањето за платите. „Росонерите“ му нудат на 22-годишниот голман осум милиони евра годишно, страната на фудбалерот бара десет милиони. Исто така, не е можно да се постигне договор за рокот на договорот. Милан сака да потпише договор на пет години, агентот на голманот Мино Рајола инсистира на две години. Друга пречка во преговорите се барањата на самиот Рајола. Претставникот на Донарума сака да добие до 20 милиони евра провизија. Сумата ќе зависи од условите на договорот на фудбалерот. зс/

Остани поврзан