• вторник, 17 декември 2024

Рајковиќ: Не сакам двете недели во кои имавме проблеми да го одредат впечатокот за целата сезона

Рајковиќ: Не сакам двете недели во кои имавме проблеми да го одредат впечатокот за целата сезона

Москва, 16 мај 2023 (МИА) - Тренерот на ЦСКА, Емил Рајковиќ, ги сподели емоциите по освоените бронзени медали во серијата со Зенит (4-1) и даде оценка за целата сезона.

 

- Сакам да му честитам на Зенит за борбата и сериозноста што ја покажаа ривалите во оваа серија. Мислам дека и двете екипи настапија со 100 проценти од нивните сегашни можности. Зенит е предводен од еден од најдобрите тренери во Европа, тимот има длабок состав со многу силни играчи. Мислам дека направивме добра работа за да ја добиеме серијата со 4:1. Освен што епизодата беше всушност утешна епизода, по интензитет беше слична на минатогодишната битка. Една од нашите задачи беше да им дадеме можност на младите играчи да се развиваат, многу од нив работеа со тимот и успеаја да се докажат во големата кошарка. Сакам да им се заблагодарам на нашите навивачи кои го поддржаа тимот во сите градови, но особено дома, да му се заблагодарам на целиот персонал на клубот, од претседателот до играчите. Направивме чесна и напорна работа. Не сакам двете недели во кои имавме проблеми да го одредат впечатокот за целата сезона, рече Рајковиќ на прес-конференцијата по натпреварот.

 

Македонскиот кошаркарски стручњак неодамна беше прогласен за тренер на годината во ВТБ-лигата. зс/

 

Фото: ВТБ

Остани поврзан