• среда, 27 ноември 2024

Рајанер: Рецесијата може да ѝ помогне на компанијата, патниците се префрлаат на евтини превозници

Рајанер: Рецесијата може да ѝ помогне на компанијата, патниците се префрлаат на евтини превозници
Лондон, 31 август 2022 (МИА) - „Рајанер“ ќе работи уште подобро во случај на економска криза во Велика Британија, бидејќи граѓаните ќе продолжат да патуваат, но ќе бараат пониски цени, прогнозира директорот на ирската нискобуџетна авиокомпанија Мајкл О’Лири.
- Рецесијата би не загрижила затоа што водиме сметка за благосостојбата на патниците“, а ризик е и високата инфлација, изјави извршниот директор на „Рајанер“ за Би-би-си и изрази надеж дека компанијата ќе се справи многу добро оваа зима.
Британската економија ќе западне во рецесија на крајот на годината, според прогнозите на Централната банка.
„Длабоката рецесија во Обединетото Кралство или енергетската криза сигурно ќе влијае на целокупната побарувачка, но во такви услови, како што се гледа во последните четири или пет рецесии, луѓето се префрлаат од превозници со висока цена како BA и Изиџет на евтини како Рајанер“, вели О’Лири.
„Рајанер“ ќе ги одржува цените пониски од другите авиопревозници благодарение на стратегијата за заштита од растечките цени на горивото. Тоа, како што е појаснето, значи дека компанијата набавува гориво однапред, по однапред одредена цена.
О'Лири, сепак, предупредува дека супер евтините билети од 10 евра нема да бидат можни во блиска иднина, бидејќи силното зголемување на горивото ја зголеми просечната цена на авионскиот билет од околу 40 евра минатата година на приближно 50 евра во текот на следните пет години. паг/
   

Остани поврзан