• петок, 05 декември 2025

Рашфорд: Флик е посебен тренер

Рашфорд: Флик е посебен тренер

Барселона, 19 август 2025 (МИА) – Фудбалерот на Барселона, Маркус Рашфорд, ги сподели своите впечатоци од работата со главниот тренер на тимот, Ханси Флик.

- Тој е многу друштвен и директен, што е особено важно за многу млади играчи. Насоката мора да биде јасна. Нивната мотивација е голема за да се снајдат подобро од минатата сезона, па мислам дека тимот ќе успее. Тој е посебен тренер кој знае како да работи со посебни играчи“, го цитира „Sport.es“ Рашфорд.

На 23 јули, Барселона го објави позајмувањето на 27-годишниот Англичанец од Манчестер јунајтед. 

Договорот е за сезоната 2025/26 и ќе заврши на 30 јуни 2026 година. Договорот вклучува опција за откуп. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан