Рафиња: Во подобра форма сум, но не сакам да застанам
- Левото крило на Барселона Рафиња, се осврна на неговиот настап во одложениот натпревар од 19. коло на Ла Лига со Мајорка.

Барселона, 4 декември 2024 (МИА) - Левото крило на Барселона Рафиња, се осврна на неговиот настап во одложениот натпревар од 19. коло на Ла Лига со Мајорка.
Каталонците победија со 5:1, а Рафиња постигна два гола.
-Формата ми е во нагорна линија, но не сакам да застанам. Го сакам овој клуб и ќе направам се што можам за да помогнам на теренот, изјави Рафиња за „Football Espana“.
Дваесет и седумгодишниот фудбалер постигна 16 гола и 10 асистенции во 21 настап за Барса во сите натпреварувања оваа сезона. зс/
Фото: ЕПА