Расчистен и саниран локалниот пат кон село Тресонче
- -По барање на Здружението на граѓани „Брзовец“ а по насока дадена од страна на градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски, општинските општи служби со потребната механизација спроведоа интензивна акција за расчистување и санирање на локалниот пат кон село Тресонче, наведуваат од општината.
Дебар, 30 март 2026 (МИА) - Општина Маврово и Ростуше информираше дека е расчистен и саниран локалниот пат кон село Тресонче, нагласувајќи дека продолжуваат со активностите за подобрување на патната инфраструктура и пристапноста до сите населени места.
-По барање на Здружението на граѓани „Брзовец“ а по насока дадена од страна на градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски, општинските општи служби со потребната механизација спроведоа интензивна акција за расчистување и санирање на локалниот пат кон село Тресонче, наведуваат од општината.
Во рамките на овие активности, извршено е проширување на критични делови од патот, отстранети се одрони кои го попречуваа сообраќајот, а најоштетените делови се тампонирани и санирани за побезбедно движење на возилата.

-Наша цел е да одговориме на потребите на граѓаните и нивните здруженија во најкраток можен рок. Преку редовно одржување и навремени интервенции, обезбедуваме проодност и сигурност на сите локални патни правци во општината, вели градоначалникот Јакупоски.
Посочува дека како локална власт остануваат посветени на одржувањето на комуналната хигиена и патната мрежа, со постојана подготвеност за интервенција секаде каде што има реална потреба. вт/дма/
Фото: Општина Маврово и Ростуше.