• понеделник, 16 декември 2024

Расчистени десет кражби на подрачјето на Кочани

Расчистени десет кражби на подрачјето на Кочани
Скопје, 31 јули 2021 (МИА) - Двајца малолетници извршиле десет кражби на подрачјето на Кочани. Од МВР информираат дека вчера, по претходно добиени оперативни сознанија, во ОВР Кочани се повикани малолетник од Кавадарци со претставник од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Кочани и малолетник од Кочани со неговиот родител, поради постоење основи на сомнение дека малолетниците извршиле кривични дела од областа на имотните деликти. -Покрај обезбедените докази дека двајцата во периодот од 22 до 29 јули годинава, сториле 10 кривични дела на подрачјето на ОВР Кочани, и тоа: седум „тешка кражба на дрзок начин“, една „тешка кражба во обид“ и две кривични дела „кражба“. При извршените службени разговори, тие и ги појасниле делата, велат од полицијата. По документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. ир/нд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан