• вторник, 24 декември 2024

Раст на цената на нафтата

Раст на цената на нафтата
Лондон, 8 февруари 2021 (МИА) - На светските берзи цената на нафтата минатата недела се зголеми за шест отсто и го достигна највисокото ниво за една година. Зголемувањето на цената на нафтата се должи на одржување на договореното ниво на производство од страна на Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК), како и на очекувањата за заздравување на економијата и за зголемување на побарувачката на „црното злато“. На лондонската берза минатата недела цената нафта се зголеми за повеќе од шест отсто и барел се тргуваше за 59,34 долари, што е највисока вредност од крајот на февруари минатата година. Додека на американскиот пазар цената на нафтата се зголеми за речиси девет проценти и барел се тргуваше за 56,85 долари, што е највисока вредност од крајот на февруари минатата година. ОПЕК и сојузниците подолг период координирано го намалуваат производството за 7,2 милиони барели дневно со цел да се усогласат со намалената побраувачка во време на пандемија со Ковид-19. ми/

Тагови

Остани поврзан