Раст кај потрошувачки и станбени кредити, пад кај автомобилските кредити
- Во октомври се бележи годишен раст на вкупните депозити од 11,8 проценти, како и вкупните кредити за 12,1 процент. Порастот на вкупните депозити пред се должи на растот на депозитите кај домаќинствата, а растот кај кредитите прозлегува од зголемените кредити на корпоративниот сектор.
Скопје, 21 ноември 2025 (МИА) - Во октомври се бележи годишен раст на вкупните депозити од 11,8 проценти, како и на вкупните кредити за 12,1 процент. Порастот на вкупните депозити, пред се, се должи на растот на депозитите кај домаќинствата, а растот кај кредитите произлегува од зголемените кредити на корпоративниот сектор.
Физичките лица најмногу земале потрошувачки и станбени кредити и кај нив е забележан годишен раст соодветно од 10,2 проценти и 16,1 проценти.
Кај автомобилските кредити се бележи намалување на годишно ниво од 1,9 проценти.
Пад на годишно ниво бележат и кредитите одобрени на кредитни картички. бак/вг/
Фото: МИА архива