• вторник, 28 јануари 2025

Расте бројот на посетители на локалитетите во НУ Музеј Куманово

Расте бројот на посетители на локалитетите во НУ Музеј Куманово

Куманово  27 јануари 2025 (МИА) - Расте бројот на посетители во Кумановскиот музеј, информираа денеска од НУ Музеј. Најмногу посетители има на локалитетот Кокино, потоа на Меморијалниот центар АСНОМ.

-Музеј Куманово бележи континуран раст на посетитли, каде што имаме изложено археолошки, историски предмети. Иако учениците од основните и средни училишта главно на постојната поставка се редовни посетители, но, го посетуваат и странци во текот на годината, особено во летниот период, изјави директорката на НУ Музеј, Куманово, Марија Живачки.

На Кокино има најголем број на посетители од 10 до 15.000 посетители на годишно ниво вообичаено странци, но и македонски и посетители од регионот. 

-Сувенирниците  на Табановце и Деве Баир се затворени подолг период, но на Кокино може да се размислува во текот на 2025-та или 2026 година да отвориме некоја сувенирница со која секој постител би можел да поднесе некој спомен сувенир од Кокино, изјави Живачки.

На Меморијалниот центар АСНОМ во село Пелинце регистриран е зголемен број посетители од регинот но и од училиштата. Според проценките имаод 3 до 4.000 посетители. 

-Уметничката галерија континутирано има тематски изложби кои се доста посетени од сите граѓани на Куманово. Во текот на целата година имаме едуктивни настани, отворени денови, кога е бесплатен влезот за посетители на музејската постака, изјави Живачки.

Музејот лани во декември одбележа 60 години од постоењето.

Билетите за посета на локалитетите имаат симболични цени, за Кокино е 120 денари, за музејската поставка за возрасни е 60 додека за деца е 30 денари. ам/сст/

Остани поврзан