Растат цените за парцели во општина Старо Нагоричане
- Општина Старо Нагоричане лани издала дванаесет одобренија за градење, што е значително повисоки од останатите општини во североисточниот регион, соопшти денеска Државниот завод за статистика. Осум од одобренијата се за физички лица, а четири за деловни субјекти.

Куманово, 15 јануари 2025 (МИА) - Општина Старо Нагоричане лани издала дванаесет одобренија за градење, што е значително повисоки од останатите општини во североисточниот регион, соопшти денеска Државниот завод за статистика. Осум од одобренијата се за физички лица, а четири за деловни субјекти.
- Од 2020 значително е зголемен интересот за изградба на викендички во општината. Од 2023-та за 200 проценти се зголемени цените на парцелите кои се нудат за викеднички, особено покрај главните патишта, покрај реката во селата Стрезовце, Војник. Ако во минатото било по две евра сега се по десет, па и повеќе евра за метра квадратен, изјави заменик градоначалникот на општината, Бобан Цветановски.
Заинтересираните за купување велат дека сакат мир и тишина која ја нуди природата во општината во североисточниот дел од државата. Купувачите велат дека има солидна патна инфраструктура, цените се на задоволително ниво, а добар услов е и што селата од Старо Нагоричане се во близина на Куманово. Во општината има 39 населени места, а особено позната е по археолошките наоѓалишта, културно-историските објекти, цркви, манастири, природни реткости и раритети.
- Огромен е бројот на туристи, но немаме точна бројка, иако е забележително нивното присуство за време на викендите. Од први мај до први октомври, има голем број домашни и туристи од соседните земји пред сè од Србија ги посетуваат црквата Свети Ѓорѓи и споменикот Зебрњак странските туристи, пак Кокино и останатите места. Во моментов се гради објект во центарот на Старо Нагоричане. Проблем останува неможноста туристите кај Кокино да се освежат, нема никаков објект, а треба да има, тоа се барања на странските туристи, изјави Цветановски. ам/дма/
Фото: МИА