• петок, 05 декември 2025

Распоредот на натпреварите од Премиер лигата за сезоната 2025/26 ќе биде објавен на 18 јуни

Распоредот на натпреварите од Премиер лигата за сезоната 2025/26 ќе биде објавен на 18 јуни

Лондон, 25 мај 2025 (МИА) - Распоредот на натпреварите од Премиер лигата за сезоната 2025/26 ќе биде објавен на 18 јуни.

Првото коло од новата сезона е закажано да се одржи на 16/17 август, 83 дена по завршувањето на сезоната 2024/25.

Сезоната 2025/26 ќе трае до 24 мај 2026 година и ќе се состои од 33 викенд кола и пет кола во средината на неделата.

Во исто време, раководството на Премиер лигата одби да им обезбеди дополнителни денови за одмор на Челзи и Манчестер сити, кои ќе учествуваат на Светското клупско првенство 2025.

Турнирот ќе се одржи во САД од 15 јуни до 13 јули. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан