• понеделник, 23 декември 2024

Раскрсницата на регионалниот пат Берово- Струмица доби ново улично осветлување

Раскрсницата на регионалниот пат Берово- Струмица доби ново улично осветлување

Берово, 25 февруари 2023 (МИА) - Една од најфреквентните раскрсници во Берово, која се наоѓа на два регионални патишта, на патот Берово - Струмица доби ново улично осветлување. Во информацијата од општината се вели дека осветлувањето вечерва било тестирано, по што истото е пуштено во употреба.

-Конечно блесна во сиот сјај со новото улично осветлување кое го постави Јавното претпријатие за државни патишта, на иницијатива на Општина Берово. Поставени се 12 канделабри, по сите стандарди за енергетски ефикасно лед осветлување, информираа од Општината.
 
Со реализација на оваа активност, како што додадоа, во голема мера се подобрува безбедноста на сообраќајот особено во ноќните часови. 
 
-Оваа раскрсница е важна сообраќајница, па така осветлувањето на оваа делница е од големо значење за жителите на Општина Берово и за патниците, кои доаѓаат од соседните места, додадоа од Општината.
 
Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски изрази задоволство што конечно со поставување на осветлувањето на оваа делница се решава голем проблем како за самите жители, така и за сите кои поминуваат по овој патен правец.вс/бт/

Остани поврзан