Раниери реши да ја напушти Сампдорија
- Тренерот на Сампдорија, Клаудио Раниери ќе се повлече од функцијата, пренесува „Фудбал Италија“.

Џенова, 21 мај 2021 (МИА) - Тренерот на Сампдорија, Клаудио Раниери ќе се повлече од функцијата, пренесува „Фудбал Италија“.
Според изворот, 69-годишниот италијански фудбалски стручњак решил да го напушти клубот на крајот на сезоната 2020/21.
Раниери го презеде раководството на Сампдорија во октомври 2019 година. На едно коло до крајот на сезоната, тимот го има обезбедено 9. место во поредокот во Серија А. зс/