• понеделник, 23 декември 2024

Раниери за натпреварите во Серија А на неутрален терен: Или ќе играме насекаде или нема натпревари никаде

Раниери за натпреварите во Серија А на неутрален терен: Или ќе играме насекаде или нема натпревари никаде
Рим, 5 април 2020 (МИА) - Тренерот на Сампдорија, Клаудио Раниери го сподели своето мислење за суспензијата на Серија А поради пандемијата на коронавирус. - Се зборува за одржување натпревари на неутрални терени со исклучок на некои региони. Не се согласувам со тоа. Или играме насекаде, или не играме каде било, ијави Раниери. Тој е претпазлив пред одлуката за продолжување на сезоната. - Беше неопходна суспензијата, бидејќи сме соочени со невидлива болест и не е јасно како да се справиме со тоа. Треба да сме смирени. Владата може да каже дали можеме да продолжиме со натпревари или не, но лекарите ќе одлучат. Постојат информации дека овој вирус може да предизвика срцеви компликации. Должност на Сампдорија и останатите тимови е, пред да продолжиме со тренинзите, да бидеме сигурни дека играчите се целосно здрави. Ова не треба да биде некаков општ преглед, туку целосна проверка на срцето. Здравјето не е шега. Никогаш не би се откажал од натпревари, но треба да сум сериозен во врска со ваквите вонредни состојби. Играчите не се машини што се вклучуваат и исклучуваат со клик, како што истакна нашиот претседател Фереро. Пред да продолжите со игрите, потребни се недели подготовки, додаде Раниери. зс/

Остани поврзан