• понеделник, 23 декември 2024

„Рамо до рамо до победа“ во Ресен, Могила, Битола и Кичево

„Рамо до рамо до победа“ во Ресен, Могила, Битола и Кичево

10 јуни 2023 


Во рамките на секојдневните теренски активности на СДСМ под мотото „Рамо до рамо до победа“ партски тимови денеска остварија средби со граѓаните на Ресен, Могила, Битола и Кичево.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески во Ресен истакна дека СДСМ уште еднаш покажа државнички и државотворен капацитет и понуди рака за отворен дијалог во остварување стратешката цел на државата и граѓаните за членство во ЕУ.

Остварувањето на генерацискиот сон е во рацете на политичките партии и претставниците на граѓаните, пратениците во македонското Собрание, и тоа е огромна одговорност која повикува на државничко однесување, рече Митрески, додавајќи дека целата македонска јавност, преку медиумите, го слушна Мицкоски и променетиот став на неговата партија.

Митрески нагласи дека не е прв пат опозицијата да промени став, но овој пат тоа е добро затоа што може да доведе до заеднички придонес за продолжување на европскиот пат на земјата, секако доколку останат на она што јавно го кажа Мицкоски.

Нема потреба ДПМНЕ да манифестира толку голема нервоза, да се објаснуват и дообјаснуват па вака рекле па онака рекле, СДСМ нема намера да ги објаснува изјавите на Христијан Мицкоски со кои прифати уставни измени, кога целата македонска јавност, преку медиумите, го слушна Мицкоски и променетиот став на неговата партија, рече Митрески пред граѓаните на Ресен.

Пратеникот на СДСМ Миле Талески во Могила истакна дека воспоставениот дијалог со ДМНЕ е во исклучително важен момент за европската иднина на земјата.

Чекорот што го направи Христијан Мицкоски со прифаќањето на уставите измени е за поздравување. Сето ова создаде добра основа за продолжување на дијалогот со ДПМНЕ но и со сите релевантни политички партии застапени во македонското Собрание. Сега може да разговараме како заеднички да ги изведеме уставните измени, неопходни за продолжување на европскиот пат, рече Талески, додавајќи дека сега е моментот за обезбедување на европската иднина на државата. 

Затоа, дијалогот продолжува. Ќе ги интензивираме нашите активности со цел потребните реформи да бидат донесени брзо, за целиот рок на преговарање да заврши успешно и веќе до 2030 година да станеме полноправна земја членка на ЕУ, порача Талески од Могила.

Рамо до рамо со граѓаните на Битола беше пратеникот на СДСМ Лазе Таневски, кој пред граѓаните се осврна на најголемиот инфраструктурен проект во државата за изградба на коридорите 8 и 10Д, кои особено поволно влијание ќе имаат за граѓаните и стопанството во пелагонискиот регион.

Пратеничката Белкиса Зеќири во Кичево ја нагласи грижата на СДСМ за сите граѓани и унапредување на нивниот стандард, со која минималната плата е покачена на 20.175 денари, а пензиите бележат историски стапки на раст.

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.


 

Остани поврзан