• понеделник, 23 декември 2024

„Рамо до рамо“ во Битола, Прилеп, Ресен, Демир Хисар и Крушево: Во кризна година СДСМ покажа што значат успешни економски политики

„Рамо до рамо“ во Битола, Прилеп, Ресен, Демир Хисар и Крушево: Во кризна година СДСМ покажа што значат успешни економски политики

Скопје, 12 април 2023 (МИА) - Во кризна година СДСМ покажа што значат успешни економски политики, порача денеска од Ресен членот на ЦО на СДСМ, Оливер Спасовски, кој заедно со членката на ИО на партијата Мелиса Ценовска Серафимовска беа меѓу граѓаните на општина Ресен, како дел од караванот „Рамо до рамо, до победа“.

- Ја зголемивме минималната плата на 20.175 денари и ги усогласивме и останатите плати со минималната. Просечната плата ја зголемивме за 34.000 денари, го исполнивме ветувањето пред граѓаните една година порано. Денеска вработените во МВР но и во други институции имаат поголеми плати за над 3.000 денари во бруто износ. И не само платите, растат и пензиите со рекордни проценти, 16 отсто само во изминатата година обезбедивме поголеми пензии за сите 330.000 пензионери, за повеќе пари и подобар животен стандард за нашите највозрасни сограѓани, посочи Спасовски.

Генералениот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, заедно со претседателот на Комисијата за транспорт и врски, Митко Трајчулески денеска беа меѓу граѓаните на Битола.

На маалски средби во Јанимале и населбата Нова Битола заедно со граѓаните се разговараше за досега спроведените мерки на СДСМ и успешното справување со енергетската криза, за европската иднината на земјата, како и за политиките што следуваат во наредниот период.

Зечевиќ истакна дека партијата е постојано на терен да слушне гласот на граѓаните, да разговара, но и да каже дека СДСМ е подготвена да го води процесот за продолжување на европскиот пат и исполнување на оваа важна стратешка и национална цел.
 
- Рамо до рамо до победа е наша цел, наша определба, до конечна победа за европска Македонија. Ние немаме друга алтернатива. Со Договорот од Фронтекс добивме македонски јазик и писмо во ЕУ. Сега треба пред крајот да се уништи целата работа? Не. Ние мора да продолжиме по вистинскиот, по европскиот пат. На крајот на краиштата тоа било и децениска желба на нашите предци. Знаеме колку е важна европската иднина за сегашните но многу повеќе за идните, македонски генерации. Да не останеме земја без народ а нашите генерации да бидат надвор. Ние мора да направиме се, Македонија да продолжи да оди напред и никогаш повеќе да не се врати назад. СДСМ го води овој процес, затоа што СДСМ е партија на народот, која државотворно се однесува денеска како и во сите премрежја од современата македонска историја, рече Зечевиќ.
 
Во општина Могила меѓу граѓаните беа Виктор Велевски и Размена Чекиќ кои со присутните разговараа за успешноста на економските мерки на СДСМ за помош на граѓаните и компаниите во време на светска економска и енергетска криза. 
 
Како што соопшти партиската прес-служба, потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев, пак, заедно со Роберт Бекироски денеска ја посетија општина Демир Хисар.
 
Обраќајќи се пред присутните Богоев истакна дека СДСМ е партија која се грижи за народот, која мисли за стратешките интереси на државата, додека од ВМРО-ДПМНЕ дејствуваат целосно спротивно од тоа и се противат на секоја мерка, на секој проект.- ВМРО-ДПМНЕ со години се противат на се што е во интерес на државата. Беа против раст на минималната плата, против растот на пензиите, против членството во НАТО, против почеток на преговорите со ЕУ. Дури и против намалувањето на цените на производите се против. А од друга страна нивните градоначалници не работат ништо, немаат ниту еден реализиран проект за 1,5 година. Но затоа ги задолжуваат општините и покачуваат комунални услуги. Ете тоа се случува кога ВМРО-ДПМНЕ ќе добие власт. Во таа партија ништо не се менува, 11 години ја здолжуваа и уназадуваа државата, сега ги задолжуваат и уназадуваат општините со кои раководат, посочи Богоев.
 
Меѓу граѓаните на Прилеп денеска беа Каја Шукова и Наумче Мојсовски. На средбите се разговараше за инвестициите, пред се во патната и железничката инфраструктура и во обновливи извори на енергија, како и за земјоделските политики на СДСМ, со кои за прв пат субвенцииите се исплаќаат авансно и кои обезбедија највиоски откупни цени за тутунот, стои во соопштението на прес-службата на СДСМ.

- Денеска во Прилеп се изврши увид во новата детска градинка за 250 дечиња, проект, започнат и направен целосно во времето на СДСМ, сега само треба се пушти во употреба. А општина Прилеп нема капацитет ниту тоа да го направи. Прилеп е пример исто како и Скопје, ниту еден проект нема релизирано градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ, тоа се случува кога глас ќе добие ВМРО-ДПМНЕ, рече Шукова.

Организацискиот секретар на СДСМ Вангел Андрески на средбите со граѓаните во Крушево го истакна значењето на навремените и ефикасни мерки за граѓаните и компаниите во време на најголемата светска економска и енергетска криза. нд/сп/
Фото: СДСМ

Тагови

Остани поврзан