Рамос е во преговори со клуб од МЛС
- Дефанзивецот на Севилја, Серхио Рамос може да ја продолжи кариерата во САД.

Мадрид, 14 мај 2024 (МИА) - Дефанзивецот на Севилја, Серхио Рамос може да ја продолжи кариерата во САД.
Според „The Athletic“ фудбалерот е во преговори со Сан Диего, кој ќе дебитира во МЛС во 2025 година.
Играчот не сака да го продолжи договорот со Севилја. Тој има понуди и од други клубови, но преговорите со Сан Диего се во напредна фаза.
Триесет и осумгодишниот Рамос оваа сезона одигра 25 натпревари во Примера и постигна три гола.
Во текот на својата кариера Рамос има настапувано и за Пари Сен-Жермен, Реал Мадрид и Севилја Атлетико. зс/
Фото: ЕПА