• понеделник, 23 декември 2024

Рама: Вашиот Устав има голем број малцинства и тој модел е веќе познат - се надевам нема да се вратите во минатото

Рама: Вашиот Устав има голем број малцинства и тој модел е веќе познат - се надевам нема да се вратите во минатото
Скопје, 14 ноември 2022 (МИА) - Албанскиот премиер Еди Рама на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со македонскиот колега Димитар Ковачевски во однос на уставните измени, оцени дека во Уставот на Северна Македонија има голем број малцинства што се веќе се внесени и тој модел е веќе познат, како и оти се надева дека државава нема да се врати во минатото и „да се самоизолира на неразбирлив начин“. Тој потсети дека патот за започнување на преговорите и за Северна Македонија и за Албанија бил тежок и долг. - Вашиот Устав има голем број на малцинства што се внесени, а тоа значи дека е тој еден веќе познат модел. Тој не е некоја измислица во однос на уставите на нашата Планета и тоа треба да се надополни. Тоа е многу едноставно. Не знам колку ќе помогне, но сакам да ви кажам дека ние имаме некаков поинаков модел, но ние во Парламентот признаваме еден не мал број на малцинства, вклучувајќи го и бугарското малцинство, што има свое скромно присуство, но постои во Албанија и не мислам дека сме станале некоја закана кон некое малцинство, одговори Рама. Тој смета дека малцинствата се големо богатство и оти од взаемен интерес е тие да се чувствуваат што подобро во нашата земја и да не се чувствуваат дека постои разлика во однос на останатите граѓани кои се граѓани Албанци, со албанска националност. Рама изрази уверување дека Северна Македонија нема да се врати во минатото и да се самоизолира, како што вели, на неразбирлив начин, бидејќи, како што рече, „фактички има една горделивост и за тоа сме сите сведоци на меѓународно ниво се гледа со многу голема почит“. - Се гледа со едно убедување од сите дека се направени епохални напори во однос на евроатлантскиот пат и тоа има големо значење за сите и за економијата, и за социјалниот развој, и за сите внатрешни процеси, така што мислам дека малку одложив, но за мене ќе биде фатално да имаме враќање назад, да бидеме затворени во историјата. Тоа што е минато е минато, а не треба да биде никаков проблем тоа што голем број на малцинства се вклучени во вашиот Устав. Мислам дека сето тоа е значајно и дека не треба да се остави барем никој, барем и еден да биде надвор од тој Устав, оцени албанскиот премиер. нд/сп/

Остани поврзан