• недела, 28 јули 2024

Ралф Шумахер: Мик е еден од најдобрите кандидати за местото на Хамилтон во Мерцедес

Ралф Шумахер: Мик е еден од најдобрите кандидати за местото на Хамилтон во Мерцедес

Лондон, 3 февруари 2024 (МИА) - Експертот и поранешен Формула 1 возач Ралф Шумахер ги сподели своите размислувања за тоа кој би можел да се качи во пилотската кабина на Луис Хамилтон, кој заминува во Ферари во 2025 година. Ралф го наведе својот внук, поранешниот возач на Хаас и резервистот на Мерцедес, Мик, меѓу клучните конкуренти.

- Нема толку многу кандидати. Прашањето е што сака Тото Волф. Џорџ Расел секако е способен да ги следи стапките на Луис и да го води тимот доколку не греши. Тоа е прашањето,, да се избере искусен пилот како партнер на Расел, или да се донесе некој нов, млад. Мик е без сомнение една од најдобрите опции меѓу младите, но секако тука е и Карлос Сајнц за кого мислам дека повеќе би сакал да заврши во Ауди. Мик има добри шанси и мислам дека заслужува доверба. Сосема сум сигурен во ова, а сега е неопходно и Тото Волф да се придржува до истото мислење. Досега од него слушнав само позитивни работи за Мик, изјави Ралф.

Мик Шумахер е резервен возач на Мерцедес АМГ Формула 1 Тим и Мекларен. Тој ќе се натпреварува во Светскиот шампионат на издржливост на ФИА 2024 година со Алпин во категоријата хиперавтомобили.

По договорот на Хамилтон за трансфер во Ферари во 2025 година ќе се отвори едно место во тимот на Мерцедес. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан