Ракометарките на Русија и на Норвешка изборија полуфинале на Олимпијадата во Токио
- Руската женска ракометна репрезентација ќе игра со Норвешка во полуфиналето на Олимписките игри во Токио.

Токио, 4 август 2021 (МИА) - Руската женска ракометна репрезентација ќе игра со Норвешка во полуфиналето на Олимписките игри во Токио.
Русија во полуфиналето ја совлада Црна Гора со 32:26, додека Норвешка во вториот денешен четвртфинален меч ја победи Унгарија со 26:22.
Натпреварот меѓу Русија и Норвешка ќе се одигра на 6 август.
Другите полуфиналисти ќе бидат познати по одигрувањето на натпреварите:
Шведска – Јужна Кореја (почеток 10 часот) и
Франција – Холандија (13:45 часот). зс/