• понеделник, 16 декември 2024

Раководството на партијата Алтернатива за Германија го избра Алис Вајдел за свој кандидат за канцелар

Раководството на партијата Алтернатива за Германија го избра Алис Вајдел за свој кандидат за канцелар

Берлин, 27 септември 2024 (МИА) - Копретседателите на екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД), Тино Крупала и Алис Вајдел, се договорија Вајдел да биде кандидат на партијата за канцелар на парламентарните избори следната година, јави ДПА.

Но, засега договорот е само меѓу двајцата лидери, објаснува за ДПА Стефан Бранднер, член на патијата во Бундестагот. Тој допрва треба да биде одобрен од колективните тела на партијата.

Претходно, изданијата на медиумската група „Redaktionsnetzwerk Deutschland“ објавија дека извршниот комитет на АфД и федералната конференција на партијата планираат да гласаат за прашањето за избор на кандидат на почетокот на декември.

Не се очекува Вајдел официјално да зачекори во таа улога пред почетокот на новата година.

Следните избори во Германија ќе бидат во септември следната година. зш/

Остани поврзан